Често поставувани прашања

На оваа страница би сакале да одговориме на често поставуваните прашања и да дадеме решение за проблемите кои најчесто се појавуваат.
Можеби токму овде ќе го најдете решението за Вашиот проблем пред да не контактирате.


П: 

Зошто ЦД-то испорачано со камерата не содржи драјвер за Windows XP?

Врати се на почеток на страницата

Нема потреба за инсталирање на драјвер за Windows XP или пак за друг понов оперативен систем. Самиот оперативен систем си ја прави целата потребна конфигурација.
За останати сугестии во врска со ова прашање ве молиме погледајте во оделот - УПАТСТВА.

П: 

Мојот компјутер ја препознава SD - картичката како преносен диск (removable disk), но кога ќе се обидам да ја отворам, картичката е празна. Ова не се случува при користење на вградената меморија на камерата.

Врати се на почеток на страницата

Најверојатно имате инсталирано ‘Norton Antivirus’ на Вашиот компјутер. Ве молиме исклучете се од интернет и деактивирајте го анти-вирусот пред да ја приклучите камерата.

П: 

При користење на мемориската картичка и командите – "исечи (Cut), повлечи и пушти (Drag-& Drop)" - добивам порака за грешка (Card Error).

Врати се на почеток на страницата

Ве молиме форматирајте ја Вашата картичка преку Вашата камерата пред првата употреба. Немојте да ги бришете сликите од мемориската картичка ниту од вградената меморија, ниту пак да ги форматирате медиумите преку Вашиот компјутер. При трансфер на сликите од камерата на компјутер, користете – "копирај (Copy)" - a не - "исечи (Cut)" – ниту пак - "повлечи и пушти (Drag-& Drop)". При бришење, форматирање или користење на функцијата - "исечи (Cut)" можно е бришење или оштетување на податоците. Ова може да доведе до сериозни проблеми со мемориската картичка или пак вградената меморија на Вашата камера.
Секогаш бришете и форматирајте ја меморијата со Вашата камера!
Ве молиме не префрлувајте податоци од компјутерот на мемориската картичка или пак на вградената меморија. Ова може да доведе до оштетување на Вашата картичка.

П: 

Како се користи софтверот за корекција на фотографии - Photo Suite?

Врати се на почеток на страницата

Имајте на ум дека Photo Suite не креира своја папка. Направените албуми се линкувани до оригиналните датотеки на вашиот тврд диск. Албумите служат за брз преглед на Вашите слики и за побрз пристап до нив. Дополнително можете да ги подредите фотографиите од различни папки во еден албум (на пример: со различни теми), за подобар преглед. Албумот не е папка! Ве молиме не бришете ги сликите од изворната папка!!! - затоа што нема да можете да ги отворите и да ги зголемите до нивната оригинална големина.

Постапка за отворање на сликите од Вашата камерата со користење на Photo Suite:
1. вклучете го компјутерот
2. приклучете ја камерата на компјутерот со USB-кабелот
3. отворете го Photo Suite
4. кликнете на "Open"
5. изберете "Computer" како извор
6. изберете "removable disk" (најчесто E или F)
7. кликнете на "removable disk" - овде Вашите слики се сместени во под-папки.
8. од таму сликите се внесуваат во Photo Suite – можете да ги снимите во Вашата сопствена папка со избирање на "save" или "save as"

П: 

Како се користи софтверот за корекција на фотографии - Photo Impression?

Врати се на почеток на страницата

Имајте на ум дека Photo Impression не креира своја папка. Направените албуми се линкувани до оригиналните датотеки на вашиот тврд диск. Албумите служат за брз преглед на Вашите слики и за побрз пристап до нив. Дополнително можете да ги подредите фотографиите од различни папки во еден албум (на пример: со различни теми), за подобар преглед. Албумот не е папка! Ве молиме не бришете ги сликите од изворната папка!!! - затоа што нема да можете да ги отворите и да ги зголемите до нивната оригинална големина.

Постапка за отворање на сликите од Вашата камерата со користење на Photo Impression:
1. вклучете го компјутерот
2. приклучете ја камерата на компјутерот со USB-кабелот
3. отворете го Photo Impression
4. кликнете на "import Photo"
5. изберете "from folder" и ‘browse’
6. изберете "removable disk" (најчесто E или F)
7. од таму сликите се внесуваат во Photo Suite – можете да ги снимите во Вашата сопствена папка со избирање на "save" или "save as"

П: 

Како се користи софтверот за корекција на фотографии - Photo Base?

Врати се на почеток на страницата

Имајте на ум дека Photo Base не креира своја папка. Направените албуми се линкувани до оригиналните датотеки на вашиот тврд диск. Албумите служат за брз преглед на Вашите слики и за побрз пристап до нив. Дополнително можете да ги подредите фотографиите од различни папки во еден албум (на пример: со различни теми), за подобар преглед. Албумот не е папка! Ве молиме не бришете ги сликите од изворната папка!!! - затоа што нема да можете да ги отворите и да ги зголемите до нивната оригинална големина.

Постапка за отворање на сликите од Вашата камерата со користење на Photo Base:
1. вклучете го компјутерот
2. приклучете ја камерата на компјутерот со USB-кабелот
3. ископирајте ги сликите на тврдиот диск (на пример: во "My Documents / My Pictures")
4. отворете го Photo Base
5. на левата страна побарајте и отворете ја папката "My Documents / My Pictures" - (кликнете на плус) -> добивате преглед на сликата
6. изберете ја сликата да ја зголемите и корегирате - снимете ја корегираната слика со избирање на "Save"